ДЗС: Во август се издадени 206 одобренија за градба

Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2015 се издадени 206 одобренија за градење
што е за 32.9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 616 289 илјади денари што е за 299.8% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 111 (53.9%) се наменети за објекти од високоградба, 43 (20.9%) за објекти од нискоградба и 52 (25.2%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 206 објекти, на 115 (55.8%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 91 (44.2%) објект инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 339 станови со вкупна корисна површина од 30 233 м2.