По повод големиот државен празник, Денот на народното востание на народот во Македонија, претседателот на СДСМ, Зоран Заев и градоначалник на општина Струмица, положи цвеќе и ќе оддаде почит на загинатите борци за Македонија пред Споменикот на револуцијата во Градскиот парк во Струмица.
Делегација на СДСМ, во состав: потпретседателот Дамјан Манчевски, членката на Извршниот одбор Сања Лукаревска и претседавачот на Централниот одбор Диме Велковски, беше дел од државната делегација и положи свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на гробот на генерал Михаило Апостолски, на гробот на пораншениот претседател Борис Трајковски и на гробот на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, пред споменикот на Методија Андонов Ченто на плоштадот Македонија и пред Споменикот на паднатите херои за Македонија.