Договор за гласањето на дијаспората сеуште нема

Нема договор за гласањето на дијаспората и воведувањето на Бадинтер во Државната изборна комисија. Претставниците на четирите политичките партии по неколку дневна пауза вчера попладне повторно седнаа во Клубот на пратеници и ги продолжија преговорите за нова изборна регулатива, објави „Канал 5“

Извори од работните групи брифираат дека тешко оди усогласувањето на ставовите околу гласањето на дијаспората.

Информациите говорат дека СДСМ опстојува на своето барање да биде поставен цензус за гласањето на македонските државјани во странство во обид да го опструира правото на глас на дијаспората.

Опозицијата, според информации на „Канал 5“, барала за да се смета еден пратеник за избран да има освоено гласови речиси исто колку и пратеник избран во изборните единици во Македонија.

Тоа значи дека за пратеник во дијаспората ќе треба да гласаат повеќе од 7.000 избирачи колку што изнесува просечниот број гласови со коишто се избираат пратениците од Македонија.

Извор: Нет Прес