Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот има заеднички саемски настап со туристичкото стопанство од Македонија на изложбен штанд кој ги истакнува главните туристички потенцијали на нашата земја на туристичкиот бизнис саем “TTG Incontri” кој се оддржува во Римини, Италија од 08-10 Октомври, 2015 година.
На “TTG Incontri” единствениот настан во Италија кој ги собира на едно место сите главни посредници на туристичкиот производ, Република Македонија е претставена по втор пат во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ. Ко-егзибиторите го оценуваат како доста успешен саем, со можност да се остварат голем број на контакти, потенцијални идни соработки и вмрежување помеѓу побарувачката и понудата на туристичките продукти. Италијанскиот туристички пазар може да биде продуктивен за македонските туристички работници со одлична туристичка понуда атрактивна за италијанските туристи и можноста што ја нудат двете авионски линии од Скопје до Милано со Wizz Air и до Рим со Alitalia.
За меѓународните излагачи “TTG Incontri” е главен настан за влез на италијанскиот пазар, место кое нуди можност да се развие и прошири туристичкиот бизнис. За италијанските туристички професионалци, саемот е најголемиот туристички пазар во светот за преговори со меѓународните купувачи.
“TTG Incontri” – благодарение на својот интернационализам, со можности за вмрежување на бизниси меѓу италијански и интернационални компании, го претставува она што е ново на пазарот, предвидува трендови и гарантира најдобро враќање на инвестицијата за туристичка промоција.
Туристичкиот бизнис саем “TTG Incontri” е посетен од 60.158 туристички професионалци за три дена, има 2.480 компании кои ги промовираат своите туристички дестинации, повеќе од 35.000 деловни средби со повеќе од 1.000 меѓународни купувачи кои доаѓаат од 60 земји. Присуствуваат 300 блогери кои доаѓаат од целиот свет, 700 странски новинари кои присуствуваат на настани посветени на новите медиумите, на TTG форуми, конвенции со значајни говорници од туристичката индустријата обраќајќи се за најновите трендови и иновативни бизнис модели.