Интернет плаќање на даноци со безготовинска картичка

Плаќајте даноци преку интернет со вашата Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка. Единствено што треба да направите е да се регистрирате и да креирате ваш кориснички профил на електронскиот сервис „е-Плаќање на даноци“ https://etax.ujp.gov.mk.

Услугата „е-Плаќање на даноци“ овозможува да заштедите време, да ги избегнете каматите зазадоцнето плаќање, и како даночен обврзник (физичко лице) да вршите он-лајн преглед иплаќање на вашите даночни долгови за Персонален данок, ДДВ и Радиодифузна такса.

Новата електронска услуга на УЈП „е-Плаќање на даноци“овозможува секој граѓанин да врши он-лајн плаќање наПерсонален данок, ДДВ и Радиодифузна такса собезготовинска картичка Visa, Maestro или MasterCard (издадена од домашна банка).

Регистрацијата на „е-Плаќање на даноци“ е бесплатна, не епотребен дигитален сертификат, единствено што е
потребно е граѓанинот да креира кориснички профил наелектронскиот сервис „е-Плаќање на даноци“ https://etax.ujp.gov.mk.

Покрај електронско плаќање на даноци, со регистрацијата и користењето на оваа услуга, граѓанинотможе да врши преглед и во секое време да има увид во состојбата на даночните долгови.

Новата услуга за интернет плаќање на даноци е автоматски овозможена за 23 328 даночни обврзници– физички лица кои се веќе регистрирани корисници на електронските сервиси на УЈП со или бездигитален сертификат (е-Радиодифузна такса, е-Поднеси даночна пријава).

Корисни информации:

– Флаер „е-Плаќање на персонален данок“ (види http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/60)

– За повеќе информации и техничка поддршка при регистрацијата обратете се во Инфо центарот на
УЈП 0800 33 000.