Основите на HACCP и новините во означувањето на храната презентирани и пред вработените во СОЗР

Во презентацијата, акцент беше ставен на процесот на контрола на приемот на суровините, одржување на опремата, хигиената и здравствената заштита на вработените во кујните, управувањето со отпад, како и контролата на можна физичка и хемиска контаминација на храната. Во рамки на презентацијата на Водичот за HACCP принципите за операторите со храна особено во угостителската дејност кој Агенцијата го подготви во соработка со Здружението на хотелиери на Македонија – ХОТАМ, истакнато беше дека за да се гарантира безбедност на храната, неопходна е соработка на сите вклучени чинители со системот за безбедност на храна, а посочени беа и детали за тоа што се контролира со HACCP, кои се придобивките од имплементацијата на овој систем за безбедност на храната, со акцент на можноста за негова флексибилна примена во угостителството.

На обуката, претставниците од СОЗР беа информирани и за новите обврски кои произлегуваат од неодамна донесениот Правилник за информации поврзани со храната, особено за обврската за означување на алергените.

Реализацијата на Акцискиот план за интензивирање на имплементацијата на HACCP во угостителските објекти продолжува до крахот на годинава, со одржување на едукативни работилници и во другите поголеми градови во земјава.