Се асфалтира граничниот премин Богородица

Од Царинската управа на Македонија информираат дека на граничниот премин Богородица во тек е асфалтирање, со цел обновување на асфалтните површини на патничкиот премин и царинскиот терминал.

Во текот на вчерашниот ден извршено е асфалтирање на патничкиот премин, а денес ќе се асфалтира на царинскиот терминал.

Од Управата напоменуваат дека сообраќајот нема да биде во прекин, но можно е отежнување за тешките товарни возила кои гравитираат на влез и излез од граничниот премин и терминалот каде ќе се користи едниот пристап на влезот до терминалот.