Намален индексот на цените во земјоделството во септември

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во септември 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 7.5%, а кај аутпутот е
намален за 2.6%.

Во септември 2015 година, во споредба со септември 2014 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 92.0, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 101.2.

Во делот аутпут, во септември 2015 година, во споредба со септември 2014 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 97.9, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 96.5.