Продолжен рокот на конкурсите за млади поети и за млади уметници

Поради промена на седиштето на Агенцијата за млади и спорт, крајниот рок за доставување трудови за конкурсите „Млади поети“ и „Млади уметници“ е до 26 октомври наместо до 9 октомври.

Делата треба да се достават на новата адреса на АМС: Агенција за млади и спорт, Сектор млади ул. Македонија бр.38 1000 Скопје, со назнака „за Конкурсот Млади поети“, односно „за Конкурсот Млади уметници“, или лично во Архивата на Агенцијата.

Како што АМС соопшти претходно, едниот конкурс е наменет за млади визуелни уметници од 15 до 19 години и групи кои имаат авторски дела што ги исполнуваат утврдените критериуми за изложбата „Young art 2015“, која ќе биде поставена во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица.

Конкурс за млади уметници 2015

Кандидатите за Конкурсот за млади поети, пак, треба да се на возраст од 15 до 29 години, да немаат објавено збирки поезија и да достават најмногу две поетски творби.

Конкурс за млади поети

За дополнителни информации заинтересираните може да се обратат на електронската адреса: gordana@ams.gov.mk, или во просториите на Агенција за млади и спорт – Сектор млади, секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот.