КК „АВ Охрид“ оваа сабота ќе дебитира во втората Македонска кошаркарска лига

Поради откажување на екипите на КК „Гоце Делчев“ и КК „Борец Баскет“, но и поради неплатена котизација на дел од клубовите, стартот на Втората машка кошаркарска лига беше пролонгиран за една недела.

Кошаркарскиот клуб „АВ Охрид“ викендов ќе го има својот дебитантски настап во Втората македонска кошаркарска лига.

„Се покануваат сите љубители на кошарката од Охрид и Струга во сабота да ги бодрат охридските кошаркари да ја извојуваат првата победа пред охридската публика.“ – вели техничкиот секретар на КК „АВ Охрид“, Марјан Бошалевски.

Натпреварот е закажан во сабота (24-ти октомври) во Спортската сала „Билјанини Извори“ со почеток во 19:00 часот.

Официјалниот распоред на натпревари може да се погледне на следниот линк: Распоред на натпревари 2015/2016.

WebOhrid