Општина Охрид ќе го одбележи Денот на македонската револуционерна борба

Со пригодна свеченост што ќе се одржи утре, Oпштина Охрид ќе се вклучи во одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

На случувањето ќе се обрати претставник од Локалната самоуправа, а ќе се одржи и културно – уметничка програма.

Настанот е закажан за 12 часот во големата сала на општината.

Се покануваат сите охриѓани да го проследат овој свечен настан.