Зимски температури и снег кон крајот на ноември

Македонија од утре ќе биде под влијание на влажна воздушна маса. Ни следат дождливи денови и благ пад на температурата, меѓутоа поголемо заладување и прв снег метеоролозите најавуваат дури за крајот на месец ноември.

Долгорочните прогнози велат дека токму кон крајот на идниот месец ќе се јават првите услови за провејување на снег во котлините – поточно снег е најавен за 26-ти ноември.

Сепак треба да се има предвид дека станува збор за долгорочна прогноза која не може да даде прецизни предвидувања.

На фотографијата е прикажана временската прогноза за месец ноември.

prognoza

Извор: Нет Прес