Кривична пријава за претседателот на Студенскиот парламент на УГД

СВР ШТИП до ОЈО поднесе кривична пријава против Г.С.(27) од Штип, Претседател на Здружението на граѓани ,,Студентски парламент на Универзитетот Гоце Делчев Штип,, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот во својство на Претседател на Здружението на граѓани ,,Студентски Парламент на УГД Штип,, и овластено лице во правниот промет, ја искористил својата службена положба и овластување на начин што во временскиот период од 01.01.2013 година до 31.05.2015 година без почитување на Статутот на Здружението, на повеќе правни лица од кои вршел разни набавки и на повеќе физички лица од сметката на Здружението од собраните парични средства од студентите на УГД Штип кои ги уплаќале при заверка на семестар, незаконито им исплатил вкупна сума во износ од 5.628.117 денари, со што им овозможил да се стекнат со некаква имотна корист,а на штета на Здружението.

Пријавениот искористувајки ја својата службена положба и овластување, како овластено лице во правниот промет на ЗСПУГД ,во горенаведениот период, на повеќе правни и физички лица незаконито им исплатил вкупна сума во износ од 1.409.232 денари , на тој начин што плаќањата ги вршел противправно врз основа на фиктивна книговодствена документација, за која сума им овозможил да се стекнат со противправна имотна корист, а на штета на Здружението.

Во наведениот период пријавениот, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластувања, во неколку наврати противправно за себе присвоил вкупна сума во износ од 509.071 денари ,на начин што од сметката на Здружението на неговата лична трансакциска сметка и на сметката на неговата фирма ,,Гомакс Уно,, Штип противправно без никаков основ и без покритие ги префрлил паричните средства.