Македонскиот економски самит во ноември ќе овозможи интерактивна дискусија со повеќе од 40 панелисти и 300 гости од голем број земји во светот. Македонија ќе биде место каде ќе се собeрат експерти за економско-финансиски тредови во Европа и регионот, глобални технологии и иновации, дигитални и мобилни трендови, претприемништво и лидерство. Планирани се настани за млади таленти и претприемачи, говори од специјални говорници, презентации и интерактивни дебати, како и многу можности за вмрежување.
Еден од главните говорници на Самитот ќе биде Хери Крејмер кој е универзитетски професор на Бизнис школото Келог од САД, автор-бестселер на темата менаџмент и лидерство, поранешен извршен директор на компанијата „Бакстер“, како и влијателен советник. Освен што ќе зборува на еден од панелите, Хери Крејмер ќе зборува на темата „Лидерство што се заснова на добри вредности“ и ќе има интерактивна сесија на прашања и одговори со Мајк Зафировски кој е еден од основачите на „Македонија 2025“ и реномиран извршен директор на неколку познати компании. Господинот Крејмер неодамна ја издаде неговата последна книга насловена „Биди најдобар: Изгради организација од светска класа преку лидерство што се заснова на вредности“, која учесниците на Самитот ќе ја добијат на подарок, со цел Македонија да доживее суштинска преобразба во лидерството и бизнисот.
„Македонија 2025“ изјавува дека на Самитот се пријавиле голем број учесници од САД, Канада, Хонг Конг, Франција, Австрија, Шведска, Австралија, Германија, Србија, Хрватска, Албанија, меѓу останатите. Исто така, има учесници од бизнис-дијаспората на Македонија со што се покажува нивниот интерес за споделување на знаење со македонската бизнис-заедница.
Темите на дискусија се релевантни за сегашната состојба во земјата и регионот:
- Одржлив развој на економиите во Југоисточна Европа;
- Културна трансформација и добро менаџирање;
- Технолошки и иновативни пробиви што го менуваат светот;
- Сектори во развој што имаат долгорочен трансформативен ефект;
- Македонија – центар за паметни индустрии;
- Претприемачи што создаваат богатство и го менуваат светот на интернетот;
- Лидерство засновано на добри вредности и менаџирање со талентот.
Организаторот ги кани сите заинтересирани да се регистрираат до 31 октомври 2015 година, со цел учесниците да го загарантираат своето присуство на сите настани што се дел од Самитот, како и да ги искористат сите негови бенефиции. Повеќе можете да се информирате на веб-страната на „Македонија 2025“ www.macedonia2025.com/summit што е посветена на Самитот.