Според последните информации од метеоролошките станици низ земјава, во северозападниот планински дел, на местата повисоки од 1100 м.н.в. има повремени врнежи од снег со слаб до умерен ннтензитет, јавува УХМР.
Порталот skimacedonia.mk, пишува дека денес на Бистра снегот се појави дури до долната граница на ски центарот Маврово што е на околу 1.250 метри, наспроти тоа на Шапка сеуште дождот владее иако е сместена на 1.800 метри.
Извор: Нет Прес