Успешен старт на кошаркарите на КК „АВ Охрид“ во дебито во Втората кошаркарска лига. Охридските кошаркари убедливо го совладаа тимот на КК „Ангели“ од Кисела Вода Скопје, со резултат 114-62.
Наредниот натпревар КК „АВ Охрид“ ќе го игра во сабота (31 октомври) повторно пред домашна публика во Спортската сала „Билјанини Извори“, против КК Пелистер.