СДСМ: Застануваме зад работниците и отвораме иднина за младите дома

„Денеска во Скопје, на дебатата Пристојна работа, во рамки на проектот Визијата за Македонија, разменувавме визии со граѓаните, како заедно да обезбедиме иднина за младите дома и пристојна работа за работниците. Во овие услови на безработица, кога примањата на вработените се на граница на егзистенцијална издржливост, тешко е и да се замисли да се говори за пристојна работа.“- информираат од СДСМ.

Претседателката на Комисијата за труд и социјална политика, Мила Царовска и претседателот на Комисијата за економија Драган Тевдовски објаснија како СДСМ тоа ќе го постигне и го соопштија децидниот став на СДСМ: Застануваме зад работниците и отвораме иднина за младите дома.

Debata SK 01_cr

„Ги слушнавме мислењета, сугестиите и предлозите од граѓани, граѓански здруженија и невладиниот сектор на кои искрено се заблагодаруваме и коишто внимателно се разгледуваат при заокружувањето на Програмата.“- додаваат оттаму.

Погледнете ја заедничката презентација на Мила и Драган, во салата на еднаквите, во објектот на Скопски саем – Скопје.