Директорите Паскалоски и Донев посетија неколку прочистителни станици во Израел

За време на официјалната посета на Израел директорите на Јавните претпријатија „Проаква“ – Охрид, Томе Паскалоски и „Нискоградба“ – Охрид, Сашо Донев беа во посета на повеќе прочистителни станици и разменаа искуства околу најновите технологии за прочистување на отпадни води и третман на милта.

Присуствуваа на отворањето на пречистителната станица Shafdan која инвестиција изнесува околу 880 милиони евра. Во изведба на компанијата TGW комплетирана е првата фаза од најголемата анаеробична пречистителна станица не само во Израел туку на цел Среден Исток. Лоцирана во Rishonlezion Shafdan ги третира водите на 11 помали градови и Тел Авив на околу 2,5 милиони популација. Дневно прочистува околу 360000 м3 вода и со посебен третман на метан гасот кој се ослободува при процесот на прочистување се произведува електрична енергија, а оваа централа е најголемата од тој вид во светот.

Izrael1