Претседателот Иванов на проштална средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Република Македонија, Лазарото

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Република Македонија, Н.Е. д-р Стефано Лазарото.

На средбата, претседателот Иванов изрази благодарност за придонесот на амбасадорот Лазарото во развојот и негувањето на билатералните односи, како и во интензивирањето на целокупната соработка меѓу двете земји во сите сфери од заемен интерес.

Македонскиот претседател изрази уверување дека традиционално блиските и пријателски односи со Швајцарската Конфедерација ќе продолжат и во иднина, притоа нагласувајќи дека Македонија високо ја цени континуираната поддршка и помош од Швајцарската Конфедерација за голем број проекти од различни области.

Амбасадорот Лазарото изрази благодарност за можноста за вршење на неговата дипломатска должност во Република Македонија, истакнувајќи дека Швајцарската Конфедерација, како досега, така и во иднина ќе ги поддржува евроатлантските интеграции на Република Македонија.