Денес проработеа семафорите на булеварот „Св. Наум Охридски“, односно на крстосниците кај населбата Рача и Инекс Горица.
Поставувањето на овие семафори е со цел подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.
И покрај тоа што сообраќајот на овој патен правец не е толку густ вон-сезона, останува да се види дали семафорите ќе останат вклучени и во текот на зимските месеци.
WebOhrid