Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека денес, во катедралниот храм „Света Софија“ Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Константин Кавасила Архиепископ Охридски“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Негово Блаженство Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан со архиереите на Македонската православна црква.
По завршувањето на светата литургија Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан ќе произнесе пригодно слово за свети Константин Кавасила Архиепископот Охридски, а теологот Виктор Недески во своето излагање ќе зборува за ликот и делото на свети Константин Кавасила.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.