„Последниот Македонец – патот до истребување“, режисерското дело на Илија Пиперковски вечерва ќе биде премиерно прикажан во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид.
Почетокот на филмот е во 20.00 часот, а влезот чини 100 денари.
Кино проекции ќе има на 1-ви, 2-ри и 4-ти ноември, со почеток во 20.00 часот.
Во главните улоги ќе имаме можност да ги видиме Сашко Коцев, Ненад Начев, Славиша Кајевски, Зоран Љутков, Рубенс Муратовски и Биљана Драгичевиќ-Пројковска.
Продуцент на „Последниот Македонец – патот до истребување “ е Снежана Лупевска-Созен, додека пак извршни продуценти се Огнен Антов и Владимир Анастасов.
https://www.youtube.com/watch?v=b7AiR-7blRg