Конкурс за избор на најстар жител во Охрид и Дебрца и брачен пар со најмногу години во брак

Во рамки на своите програмски активности од социјално-хуманитарната сфера, Црвен крст Охрид традиционално и оваа есен под мотото „Сите сме нивни деца“ од 23-29 Ноември ќе ја одбележи Неделата на грижа за стари лица.

Меѓу бројните активности предвидени да се реализираат во Неделата на грижа за стари лица, Црвен крст Охрид го распишува конкурсот за избор на најстар жител / жителка во општините Охрид и Дебрца и за избор на брачен пар со најмногу поминати години во брак во Охрид и Дебрца.

К О Н К У Р С

за избор на најстар жител / жителка и брачен пар со најмногу години во брак
во општините Охрид и Дебрца

Услови на Конкурсот:

– На конкурсот можат да се пријават и да учествуваат жители во општината Охрид и Дебрца

– Секој учесник на конкурсот потребно е да ја докаже својата старост или годините поминати во брак со соодветен документ за идентификација (лична карта / пасош / извод на родени / извод на венчани и сл.)

– Пријавите со личните податоци, адреса на живеење и фотокопија од соодветниот документ за докажување на староста / годините во брак, треба да се испратат или донесат во Црвен крст Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр. 52, 6000 Охрид, со назнака „За конкурс за стари лица“ или на е-маил ohrid@redcross.org.mk

– Конкурсот е отворен и трае до 15.11.2015 г.

За најстариот жител/жителка на Охрид или Дебрца и брачниот пар со најмногу години во брак, предвидени се пријатни изненадувања и подароци кои ќе бидат доделени од страна на младите активисти на Црвен крст Охрид на пригодна свеченост на која ќе се дружат повеќе генерации, организирана од Црвен крст Охрид во текот на Неделата на грижа за стари лица од 23-29 ноември 2015 година.