Литургија за празникот „Свети Прохор Пчињски и пренесување на мошти на свети Јован Рилски“

Денес во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Прохор Пчињски и пренесување на мошти на свети Јован Рилски“, со почеток во 9:00 часот, на која е чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.