Нова победа на КК „АВ Охрид“ во Втората кошаркарска лига

Кошаркарите на „АВ Охрид“ забележаа уште една победа во Втората македонска кошаркарска лига. Овој пат во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, охридските кошаркари го совладаа Пелистер со резултат 89-68.

По два одиграни натпревари, екипата на КК „АВ Охрид“ се наоѓа на првото место во Втората лига, со две победи (4 бодови) и со 203 постигнати кошови.

WebOhrid