Пораст на бројот на работници во индустријата за 1,2%

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во
септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, изнесува 101.2.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, бележи опаѓање од 2.8%, а пораст бележи во секторот Преработувачка индустрија од 1.6% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 0.4%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.5% и Капитални производи за 16.8%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 0.6%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.8% и Енергија за 1.7%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата, во периодот јануари – септември 2015 година, во однос на периодот јануари – септември 2014 година, изнесува 101.7.