Во четврток и петок „Вечера за глупаци“ пред охридската публика

На 5-ти и 6-ти ноември во малата сала во Центарот за култура „Григор Прличев“, Народниот театар од Охрид, ќе ја одигра претставата „Вечера за глупаци“ од Францис Вебер. Истата е во режија на Ирена Стеријовска.

Во претставата играат Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Филип Кипровски, Елизабета Стефановска и Павел Маслов.

Претставата ќе се одигра со почеток во 20.00 часот, а влезот чини 150 денари.