Селекторот Ангеловски го објави списокот на играчи за натпреварите против Црна Гора и Либан

Предводникот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за пријателските пресметки против Црна Гора на 12 ноември и Либан на 17 ноември на националната арена „Филип Втори“.

spisok

По објавувањето на списокот, селекторот Ангеловски на прес-конференција ги сподели очекувањата во пресрет на пријателските натпревари против Црна Гора и Либан.

„Натпреварите против Црна Гора и Либан треба да претставуваат еден нов старт, проветка и подготовка за квалификацискиот циклус за Светското првенство 2018. Не отпишувам никого, вратата е отворена за секој фудбалер кој ке игра стандрадно и ќе покаже квалитет во својот клуб. Една од клучните работи ќе биде да направиме една хомогена репрезентација, спој на младост и искуство, и тоа да биде костурот на тимот во наредниот период. За следниот квалификациски циклус ќе се врати и Горан Пандев, нашиот најдобар македонски фудбалер со кого лично разговарав и кој самиот покажа подготвеност и мотивираност да се врати во националниот тим. Атмосферата во репрезентацијата е од големо значење за остварување на позитивни резултати. Исто така многу значајна е подршката од публиката која за секој фудбалер би претставувала дополнителен мотив“, – изјави селекторот Игор Ангеловски.

Техничкиот менаџер на А репрезентацијата на Македонија, Саша Ќириќ вели дека ангажманот на Игор Ангеловски не зависи од овие два дуела.

„Продолжувањето на соработката со Игор Ангеловска нема да зависи од овие два натпревари против Црна Гора и Либан. Имаме тенденција Игор Ангеловски да остане подолго време на клупата на А репрезентацијата на Македонија. Сакаме да направиме стратигија за подолг рок. Се надеваме дека тоа ќе се реши по овие два натпревари.“ – вели Саша Ќириќ.