Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува да тоне на ФИФА рејтинг листата.
Според најновата листа, Македонија забележа уште еден пад, овој пат од -7 места и моментално е на 139 (за нас рекордно ниско) место од вкупно 209 репрезентации.
Македонија има шанси да го поправи рејтингот на следните два пријателски дуели против Црна Гора на 12 ноември и против Либан на 17 ноември.
Има промени и на врвот од ФИФА рејтинг листата. На прво место се искачи репрезентацијата на Белгија, Германија остана на второто место, а Аргентина од прво падна на трето место.
Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Чад, со скок од +39 места се најде на 106 место, додека пак најголем пад од -44 места има репрезентацијата на Судан која се најде на 128 место.
WebOhrid