АППТ на саемот за туризам во Лондон со низа активности за помош и поттик на домашниот и странскиот туристички промет

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Макeдонија (АППТ) по втор пат ја претставува туристичката понуда на Македонија на најголемиот саем за туризам во Лондон, Англија (WTM).

Делегација од Македонија предводена од Директорот на АППT, Лела Крстевска, за време на свечената вечера организирана од CNN оствари бројни средби со Директори на владини агенции за туризам од Нигерија, Гватемала, САД, Унгарија, Белорусија, Словачка, Сејшели и др.

На овој глобален настан искористена е приликата да се покани новинарот на CNN,  Ентони Борден (автор на книги за кулинарство и светски познати кулинарски шоуа) да ја посети Македонија и да ги почувствува вкусовите на автентичните македонски специјалитети кои нема можност да се вкусат низ рестораните ширум Македонија.

Борден изјави дека со задоволство ке ја разгледа можноста во 2016-та да дојде во Македонија и во неговото телевизиско шоу за патување и храна на CNN – Anthony Bourdain: Parts Unknown, да ја претстави нашата земја.За популаризација на Македонија, легендата на англиското новинарство и добитникот на бројни признанија и награди, Џон Симпсон, и покрај тоа што пред многу години бил во посета на Македонија, на покана на АППТ, се согласи повторно да гостува во Македонија.

За време на саемот дискутирана е и можноста за посета на туристи од Белорусија (кај кои е детектиран интерес за културен и религиозен туризам во Охрид), но и можноста за воведување на чартер летови Минск-Охрид во месеците Септември-Октомври и Март-Април, како би се продолжила туристичката сезона во Охрид.

„Заменикот Министер за спорт и туризам на Белорусија, г-дин Микхаил Петрович, за таа цел заедно со претставник на тур-операторот Belorus, го посети штандот на Република Македонија каде присутните македонски тур-оператори ги информираа за програмите кои ги нудат во поглед на овој тип на туризам. Белоруските тур-оператори главно се заинтересирани за хотели од пониска категорија и програми во кои би биле опфатени неколку места за посета. Нашите агенции презентираа достојна понуда” – изјави Директорот на АППТ,  Лела Крстевска.

За размена на туристички искуства помеѓу Македонија и Федеративна Република Германија, Директорот на АППТ,  Крстевска дискутираше и со претставници на BBC World News, со кои дополнително ќе ги продолжи разговорите деновиве. За приближување на Македонија до далечните пазари како Кина, Кореја и Индија, за време на саемот во Лондон г-ѓа Крстевска се сретна со  Даниела Вагнер од интернационалната компанија “Connecting travel” со која дискутираше за можноста за отворање на нови пазари.

Македонија од 01-ви Ноември се најде и на насловната страна на каталогот на Balkan Holidays за 2016-та, каде се нудат 7 дневни пакети за Охрид, а првите туристи од Англија се очекува да пристигнат во 2016-та. Меѓу многубројните состаноци и средби, остварена е и средба со претставници на ТАВ- Истанбул, со кои се дискутираше за нови авионски конекции со цел приближување на македонските убавини до странските туристи. На штандот на Македонија за време на саемот во Лондон (02-05 Ноември 2015), туристичката понуда ја претставија и македонските тур-оператори: VisitMacedonia, Toria, Fibula, Aurora и Bohemia.

tur3 tur2 turizam_cr