Приведено лице барано по меѓународна потерница

Министерството за внатрешни работи, беше информирано од страна на Интерпол Белград дека на 05.11.2015 година, на административниот премин Брњак, приведен е Б.Б.(41) кој се барал по меѓународна потерница издадена од Основното Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по член 394, 394а и 394б од Кривичен Законик на Р.Македонија.