Во ОУТУ „Ванчо Питошески“ се одржа стручно предавање на тема: „Болести на зависност – алкохолизам, никотизам и наркоманија“ во организација на „Црвен крст“ – Охрид.
Преку мултидисциплинарен пристап од областа на превенцијата, акцентирајќи го притоа јакнењето на здрави животни вештини, комуникација, асертивност, антиципација на здрави животни избори и одговорност кај учениците организаторите на предавањето Мимоза Ставрева, секретар на ЦК Охрид, и предавачот д-р Соња Стурлакова-Димоска ги запознаа учениците за овие три видови болести на зависнот.
На пристапен начин, со користење на презентации, беа опишани начините на започнување со земање опојни средства. Исто така беа опишани и објаснети последиците од дејството на алкохолот, никотинот, опојните дроги, преминување од еден на друг вид дрога. Беа опишани разни видови дроги: марихуана, хашиш, хероин, кокаин и растенијата од кои се добиваат синтетските дроги, како и последиците од нивното користење што можат да бидат од траен карактер.
На крајот беше оставен простор за поставување прашања.