Во амфитеатарот на Институтот за Филм – Филмска Академија Охрид, вечерва со почеток во 19 часот ќе се одржи првата јавна проекција на филм.
Во присуство на режисерот Иво Трајков и продуцентот Роберт Јазаџиски ќе се прикажува филмот Медена Ноќ – македонски кандидат за номинација за Оскар.
Согласно планот и програмата на Институтот вакви проекции во иднина се планираат секоја среда до крајот на академската година.
Проекцијата е отворена и бесплатна за сите љубители на филмот.