Косово не е примено во УНЕСКО

Косово не е примено во УНЕСКО, бидејќи не доби двотретинско мнозинство на денешното гласање на Генералната конференција на УНЕСКО во Париз.

„ЗА“ гласаа 92 земји-членки, „ВОЗДРЖАНИ“ беа 29, додека пак „ПРОТИВ“ беа 50 членки. Потребни беа 95 гласови за Косово да стане дел од оваа организација.

Пред гласањето беше одбиен предлогот на Србија за одложување на одлуката за прием на Косово во УНЕСКО.

WebOhrid