Во Охрид ќе биде изведен сценски приказ на македонска поезија „Парче душа“

На 12-ти ноември (четврток) во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид, со почеток во 11.45  часот, ќе биде изведен сценски приказ на македонска поезија „Парче душа“.

Насатнот ќе го води Љупчо Тодоровски-Упа во музичка придружба на Фредерик Деларуа.

„Парче душа“ со години се изведува ширум Македонија. Насекаде предизвикува возбуда и понекоја солза. Наменет е за средните училишта и има интерактивен пристап со учениците. Смислен е така да биде и интересен и корисен. На едноставен начин и со показ практично ги совладува тешките методските единици поезија и стилски фигури и ги анализира песните од сите години.

Картите се купуваат на благајната на Центарот за култура и истите изнесуваат 50 денари.

Настанот е во соработка со Продукција Видик, Скопје.