Со силен аплауз поздравен настапот на Народниот театар од Битола во Санкт Петербург

Претставата, која е прво режисерско остварување на Цветановски во битолскиот Театар, беше прикажана во преполната сала на реномираниот руски театар, а актерите во оваа камерна дуо-драма, Соња Михајлова и Маријан Ѓоргиевски, неколкупати беа вратени на бис … Со силен аплауз и овации беше поздравен настапот на Народниот театар од Битола кој синоќа во театарот „Достоевски“ во Санкт Петербург во Руската Федерација ја изведе претставата „Последната ноќ“ од Ингмар Вилквист, во режија на Андреј Цветановски. Претставата, која е прво режисерско остварување на Цветановски во битолскиот Театар, беше прикажана во преполната сала…

повеќе...

Во Охрид ќе биде изведен сценски приказ на македонска поезија „Парче душа“

На 12-ти ноември (четврток) во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид, со почеток во 11.45  часот, ќе биде изведен сценски приказ на македонска поезија „Парче душа“. Насатнот ќе го води Љупчо Тодоровски-Упа во музичка придружба на Фредерик Деларуа. „Парче душа“ со години се изведува ширум Македонија. Насекаде предизвикува возбуда и понекоја солза. Наменет е за средните училишта и има интерактивен пристап со учениците. Смислен е така да биде и интересен и корисен. На едноставен начин и со показ практично ги совладува тешките методските единици поезија и стилски фигури и ги анализира…

повеќе...

Признанието национален уметник за Ана Дурловски

Согласно Законот за национален уметник на Република Македонија, во Министерството за култура пристигнаа четири иницијативи за титулата национален уметник, и тоа: иницијативата на ЈУ „Младински културен центар“ за Никола Маџиров, иницијативата на НУ „Македонска опера и балет“ за Ана Дурловски, иницијативата на НУ „Албански театар“ за Бајруш Мјаку и иницијативата на „Хуманитарно друштво Хендикепирано лице од Скопје“ за Ремзи Бела. Согласно извештајот доставен од Комисија за утврдување на национален уметник во состав: академик Катица Ќулафкова, академик Газанфер Бајрам, проф.м-р. Јана Андреевска, Оливер Белопета и Раде Силјан, двајца кандидати и тоа:…

повеќе...