Успешен настап на театарската група при Црвен крст Охрид на Форум театар во Куманово

Театарската група при Црвен крст Охрид синоќа имаше настап на Форум театар во Куманово, во рамки на Проектот „Одржување на ниска преваленца на ХИВ во РМ, одржлив развој“, во организација на Интер Етник Проект ИПГ – Гостивар и Министерство за здравство, со своја театарска претстава „Кажи НЕ на дрогата, кажи ДА на животот“.

Вo претставата која е со едукативен карактер, учествувaa 5 млади вoлoнтери на Црвен крст Охрид кои вчера испратија силна порака до кумановската публика, особено младите, да ги согледаат последиците од злоупотребата на дрога и да изберат здрав живот.

Црвен крст Охрид секоја година преку свое учество во манифестации дава придонес во едукација на младите и одржување на ниска преваленца на ХИВ во Република Македонија.

Театарската група составена од волонтери од редот на младите во Црвен крст Охрид и предводена од Весна Терзиоска и Маре Ристеска делуваат во рамки на Црвен крст Охрид и веќе две години се носители на Меѓународниот аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“ кој на почетокот на летната сезона ги најавува културните збиднувања во Охрид.