На денешната седница на Советот на општина Охрид беа прифатени извештаите за реализација на развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид 2015 – 2018 за периодот од 01.07. – 30.09.2015 година, програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.07. – 30.09.2015 година, развојната програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид 2015 – 2017 за периодот од 01.07. – 30.09. 2015 година, на програмата за спорт за 2015 година за периодот од 01.01. – 30.09.2015 година, на програмата за одржување на јавна чистота за периодот од 01.01. до 30.09.2015 година, на програмата за одржување и користење на паркови и зеленило за 2015 година за периодот од 01.01. до 30.09.2015 година, на програмата други комунални услуги за 2015 година за периодот од 01.01. до 30.09.2015 година, на развојната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици 2015 – 2017 година за периодот од 01.01. до 30.09.2015 година, на развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води 2015 – 2017 година за периодот од 01.01. до 30.09.2015 година, на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2015 година за периодот од 01.01. до 30.09.2015 година, на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување 2015 – 2017 година за периодот од 01.01. до 30.09.2015 година,на развојната програма за јавно осветлување 2015-2017 година за периодот од 01.01. до 30.09.2015 година, на развојната програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај 2015 – 2017 година за периодот од 01.01. до 30.09.2015 година, на развојната програма за уредување на градежно земјиште 2015 – 2017 година за периодот од 01.01. до 30.09.2015 година и извештајот за остварување на буџетот на општина Охрид за периодот од 01.01. до 30.09.2015 година.
Беа усвоени измените и дополнувањата на развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2015 – 2018 година, измените и дополнувањата на развојната програма за образование 2015 – 2017 година, измените и дополнувањата на развојната програма за детска заштита 2015 – 2017 година, измените и дополнувањата на програмата за култура за 2015 година, измените и дополнувањата на програмата за спорт за 2015 година, измените и дополнувањата на програмата за одржување и користење на паркови и зеленило за 2015 година, измените и дополнувањата на развојната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици 2015 – 2017 година, измените и дополнувањата на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување за период од 2015 – 2017 година, измените и дополнувањата на развојната програма за јавно осветлување за 2015 – 2017 година, измените и дополнувањата на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2015 – 2017 година, изменување и дополнување на буџетот на единицата на локална самоуправа општина Охрид за 2015 година и оперативната програма за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето на град Охрид, приградските и селските населби за 2015 – 2016 година.
На советот беа усвоени и годишната програма за работа на ОЈУ„Кузман Шапкарев“ – Охрид за 2015/2016 година, одлуката за пренесување на правото на користење на ПМВ возило марка Форд Фиеста сопственост на општина Охрид на ЈП „Градски пазар“ Охрид, одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ЈП „Градски пазар“, одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски пазар“, одлуката за обезбедување на надоместок за експропријација на недвижност, а беше формирана комисија за утврдување на предлогот на програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2016 година.