Претседателот на СДСМ, Зоран Заев е во неколкудневна работна посета на Република Словенија.
Денеска, се предвидени средби на претседателот Заев на највисоко политичко ниво во Љубљана и состаноци со бизнис заедницата во Словенија.
Претпладнево претседателот на СДСМ, Зоран Заев ќе се сретне со претседателот на Р.Словенија Борут Пахор.
По средбата со словенечкиот претседател Пахор, претседателот Заев ќе има состанок со генералниот директор на Стопанската комора на Словенија, Хрибар Милиќ.
Попладнето, на барање на угледниот Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии (IFIMES), во Љубљана, Словенија, претседателот на СДСМ, Зоран Заев ќе одржи предавање на тема Вистината за Македонија.
Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (IFIMES) го најави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, како политичар во Македонија кој сака да обезбеди благосостојба за сите граѓани на Македонија, транспарентност и граѓански слободи, “наспроти актуелната власт којашто тоа не им го овозможи на граѓаните на Македонија, туку дури повеќе години незаконски прислушувала повеќе од 20.000 граѓани, што доведе до предвремени избори и преодна Влада“.
Посетата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев на Словенија поминува во голем интерес од јавноста и медиумите.
Предвидено е претседателот Заев да даде интервјуа за трите највлијателни дневни весници во Словенија.