Документарци и работилници за женските права и филмот

Во Кинотеката на Македонија синоќа започна тридневната конференција „Женските права низ призмата на аудиовизуелните уметности во земјите од Југоисточна Европа“, која се одржува во организација на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, во соработка со УНЕСКО, а со поддршка на весникот Нова Македонија, Кинотеката на Македонија и Град Скопје.

Присутните ги поздрави Лидија Топузовска, генерален секретар на Националната комисија на УНЕСКО, која на почетокот го истакна продонесот на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во развојот и афирмацијата на аудиовизуелната уметност. Топузовска посочи дека во Република Македонија ангажманот на жените се огледува во развојот на сите сектори, а конкретно во аудиовизуелната дејност, полека стануваме земја на исклучителни жени автори кои се веќе етаблирани во светот на филмот и кои се добитници на меѓународни награди и признанија.

Kinoteka_640_-3

„Особено радува фактот што доаѓа и една нова генерација на млади жени автори кои се веќе дел од голем број на меѓународни проекти, копродукции и работилници кои овозможуваат нивно професионално усовршување и размена на искуства со врвните имиња од светот на филмската уметност,“ потенцираше Топузовска.

Таа изрази благодарност до Универзитетот ЕСРА и ректорот Јордан Плевнеш за ангажманот во реализацијата на оваа значајна конференција која ќе влијае врз размислувањето и перцепцијата за женските права во оваа уметничка сфера. Во рамките на тридневната конференција на која учествуваат филмски авторки, активисти за женски права, социолози и други експерти што активно работат на прашањата на недискриминација, предвидени се повеќе активности, работилнии и промоции.

Kinoteka_640_-1