Филмот „Збор“ на кино репертоарот во Центарот за култура во Охрид

На кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид, на 9-ти декември (среда), со почеток во 20 часот ќе се прикажува филмот „Збор“ во режија на Слободан Деспотовски.

Приказна за двајца пријатели: Горди – кој го почитува законот и кој сака да се обезбеди за староста што доаѓа, но и да ја обезбеди иднината на неговата ќерка Александра, и Арно – некогашен легионер, човек без вера ни закон. Откриваме дека Александра е всушност ќерка на Арно. Откриваме дека Горди баш и не го почитува законот и дека Арно сепак има еден закон – дадениот збор. Тој и ветил на мајката на Александра дека ќе се грижи за неа и за Горди ако е потребно; тој ќе го почитува дадениот збор на свој, крвав, начин.

Кино проекции ќе има и на 10-ти и 11 -ти декември, а влезот ќе чини 100 денари.