Конкурс за доделување стипендии за ученици запишани во Спортската академија за учебната 2015/2016 година

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 12-а од Закон за Спортска академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 115/14, 129/15 и 146/15), а согласно Правилникот за начинот и посебните критериуми за доделување на месечна стипендија на ученици во спортска академија („Службен весник на Република Македонија” бр.191/15) и Решението за распишување Конкурс за доделување на стипендии за учениците во Спортската академија во Република Македонија за учебната 2015/2016 година, Министерството за образование и наука распишува

К О Н К У Р С

за доделување стипендии за ученици запишани во Спортската академија за учебната 2015/2016 година

Министерството за образование и наука за учебната 2015/2016 година ќе додели стипендии за учениците запишани во Спортската академија.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат учениците кои учат во Спортската академија и ги исполнуваат следните услови:
1. Да се редовни ученици во Спортската академија (од II, III и/или IV година)

2. Во текот на претходната учебна година да имаат постигнато најмалку општ успех многу добар 4,00 (четири) и одличен успех 5 (пет) од изборниот предмет тренинг од избраниот спорт на крајот на учебната година;

3. Да не повторувале година во текот на образованието;

4. Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;

5. Да се државјани на Република Македонија.

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

1. Пријава која се презема од следниот линк http://stipendii.mon.gov.mk;

2. Потврда дека е редовен ученик во Спортска академија во учебната 2015/2016 година;

3. Заверени на нотар фотокопии од свидетелствата за завршена прва, втора и/или трета година на образованието;

4. Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на следниот линк http://stipendii.mon.gov.mk;

5. Изјава од родителот за обработка и користење на неговите лични податоци и личните податоци на кандидатот, со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка, објавена на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk.

III. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Учениците, кои ги исполнуваат условите наведени во Глава I од овој Конкурс, ги доставуваат документите утврдени во Глава II од Конкурсот лично или по пошта до Министерството за образование и наука на ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје, од 30.11.2015 до 11.12.2015 година, од 09 часот до 15 часот секој работен ден.
Министерството за образование и наука по службен пат, согласно потпишани договори за соработка, ќе ги обезбеди следните документи:

-уверение за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.

На кандидатите нема да им се додели стипендија ако доставената документација е:

-некомплетна и/или

-ненавремено доставена.

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 3.000,00 денари месечно, за девет месеци во текот на учебната година.

V. ОБЈАВУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Списокот со учениците кои ќе се стекнат со правото на стипендија ќе бидe објавен на 25.12.2015 година на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk и во училиштето.