СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.П.(60) од Охрид, вработен во ЈП „Градски гробишта“-Охрид поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во 2014 година, од страна на вработени во Јавното претпријатие за монтажа на споменик од М.В. биле наплатени 2.832 денари, а во текот на 2015 година од страна на Д.П. и биле побарани и наплатени дополнителни 3.200 денари за услуга извршена пред две години, без притоа да и издаде фискална сметка, а паричните средства не ги уплатил на сметка на фирмата.