Остатоци од кашест снег на дел од коловозите

Поради магла намалена видливост до 100 метри има на планинскиот премин Пресека, на патниот правец крак Маврово – Маврови Анови со видливост од 30 до 40 метри и патниот правец Тетово – Попова Шапка со видливост од 50 до 60 метри.

Сообраќајот на патиштата во Македонија се одвива по влажни коловози, а на повисоките места во западниот дел од државата наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на ЈП Македонија Пат. Врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка, Маврво, како и на планинските премини Стража и Плетвар. Во останатите делови од државата врнежите се од дожд.