Кривична пријава за осумнаесетгодишник од Скопје за кривично дело – “разбојништво“

Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар до надлежното ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против лицето М.К. (18) од Скопје поради постоење основано сомнение дека извршил едно кривично дело “разбојништво“ предвидено и казниво по член 237 од КЗ на РМ, при што се здобил со противправна имотна корист од околу 15.000 денари, за што од страна на судија во претходна постапка одредена му е мерка домашен притвор и одземена му е патната исправа.

Кривичното дело пријавениот го извршил на тој начин што додека оштетената се движела по улица „Кемал Сејфула“, следејќи ја во еден момент и пришол од зад грб, ја фатил за златниот ланец која го носела на вратот, ја потегнал и откако не успеал да и го откине, ја фатил за рамената ставајќи и сопка на нозете и туркајќи ја наземја ја удрил два пати со тупаница во пределот на лицето. Потоа повторно ја фатил за ланецот при што успеал насилно да и го откине, и по една споредна уличка незабележан од никого со трчање се упатил во правец на Дижонска.

По преземените мерки и активности, од страна на полициските службеници од одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар, утврден е идентитетот и адресата на пријавениот и по претходно издадена наредба од страна на судија на претходна постапка, извршен е претрес во домот на пријавениот. Истиот ден од страна на полициските службеници од ЕПОИ Алфа , М.К. е лишен од слобода и задржан во ПС ОН „Бит Пазар“ каде е извршен службен разговор, како и препознавање од страна на оштетената.