Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2015 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 2 159 000, во градско – приградскиот превоз 16 839 000, во железничкиот превоз 309 000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 542 341.
Во истиот период, во споредба со третото тримесечје од 2014 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 25.0%, во железничкиот превоз е намаленo за 47.2%, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 45.1%.