Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, изнесува 103.5.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето- плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (54.7%), Други услужни дејности (27.3%) и Административни и помошни услужни дејности (8.4%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (38.2%), Други услужни дејности (18.9%) и Преработувачка индустрија (1.3%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2015, изнесува 22 024 денари. Во септември 2015 година, 1.0% од вработените во Република Македонија не примиле плата.