Министерот Јолевски и одбранбените аташеи дел од „Засади успех“

Министерот за одбрана Зоран Јолевски заедно со началникот на Генералштабот на АРМ, генералот Величковски и акредитираните одбранбени аташеи во Република Македонија денеска пред Военомедицинскиот центар во Скопје активно се вклучија во акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.

„Задоволство ми е што тука во кругот на Военомедицинскиот центар засадивме дрвца, како дел од акцијата ’Денот на дрвото’. Ние садиме дрва за иднината на нашите деца, за иднината на Република Македонија и многу е важно што оваа акција продолжува“, рече министерот Јолевски. Тој додаде дека и годинава Армијата на Република Македонија е вклучена во засадувањето, додека поддршка традиционално дадоа и акредитираните одбранбени аташеи во државата.

Министерот Јолевски во рамки на акцијата засади дрва и во месноста Богословец, Светиниколско. Како дел од 16-тата акција „Ден на дрвото“ на над 100 локации ќе бидат засадени околу 3 милиони дрвца. Досега, од почетокот на акцијата во 2008 година, засадени се околу 50 милиони дрвца, а успешно зафатени околу 60%.

DSC_8210_resize_cr DSC_8324_resize DSC_8276_resize