Гол првенец на Трајковски за Палермо

Александар Трајковски го постигна својот гол првенец во дресот на италијанскиот калчолигаш Палермо. Во натпреварот од Италијанскиот Куп, Палермо на домашен терен го пречека нисколигашот Алесандриа.

Трајковски постигна гол во 55 минута од натпреварот и во тој момент го намали резултатот на 1:2. Палермо прими уште еден гол, веднаш потоа неговиот тим повторно намали, но до крајот на натпреварот не успеа и да го изедначи резултатот, загуби со 2:3 со што беше елиминиран од „Копа Италија“.

Во осминафиналето Алесандриа ќе игра против тимот на Горан Пандев, Џенова.

WebOhrid / фото: palermocalcio.it