Предавање на акредитвни писма од страна на новоименуваниот aмбасадор на Кралството Норвешка за Република Македонија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот aмбасадор на Кралството Норвешка за Република Македонија, Н.Е. г. Арне Санес Бјорнстад.

На свечената церемонија, претседателот Иванов на амбасадорот Бјорнстад му посака успешно извршување на дипломатските должности во земјата, истакнувајќи дека Република Македонија придава исклучителна важност на развојот и унапредување на севкупните односи со Кралствтото Норвешка, кои ги поврзуваат традиционалното пријателство и меѓусебното почитување.

Македонскиот претседател се заблагодари за досегашна поддршка од Кралството Норвешка на патот на нашата евроатлантска интеграција, како и за помошта преку голем број проекти и програми во сите сфери на општеството.

„Овие денови, за жал, не само нашата држава и регион, туку и Европа, и целиот свет се соочува со сериозни предизвици. Бегалската и мигрантската криза, тероризмот и безбедносните ризици, растечката нетолерантност и непочитување на различностите, непочитувањето на меѓународното право, итн, се само дел од предизвиците, кои бараат тесна соработка и глобални одговори”, истакна претседателот Иванов во поздравното обраќање, додавајќи дека Република Македонија е подготвена за тесна соработка со меѓународната заедница, и секако со Кралството Норвешка на овој план.

Потврдувајќи дека норвешката влада е силно посветена на интеграцијата и соработката во Европа, амбасадорот Бјорнстад се заложи за натамошна поддршка и блиска соработка за македонската евроатлантската интеграција.

Амбасадорот посочи дека Норвешка е импресионирана од постигнатото во Република Македонија од нашата независност, но дека сеуште постојат домашни предизвици.

„Неодамнешниот договор со опозицијата и планираните избори во април дава надеж за помалку конфликтни односи меѓу партиите и етнички групи. Трансформацијата не е лесна, но вие имате големи амбиции. Потребни се компромиси, но искуството покажува дека Македонија има одговорни лидери, кои имаат волја да го направат потребниот избор во корист не само за граѓаните на Македонија, но и за луѓето од остатокот на Европа”, истакна во обраќањето амбасадорот Арне Санес Бјорнстад.

На средбата со амбасадорот на Кралството Норвешка, двајцата соговорници изразија уверување за продолжување на севкупната соработката меѓу двете земји, и го нагласија интересот за интензивирање на политичкиот дијалог и унапредување на економската соработка.